24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКосово ја зголеми царината за увоз на македонскo овошје и зеленчук

Косово ја зголеми царината за увоз на македонскo овошје и зеленчук

Косовската влада воведе времена мерка за зголемена царина од 30 отсто за одредени овошје и зеленчук од Македонија. Според македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа мерка не e во согласност со заеднички зацртаните цели, како што се брз проток на стока и отстранување на царинските бариери, дефинирани преку Берлинскиот процес.

Од таму појаснуваат дека се работи за времена мерка којашто е насочена кон сите држави кои извезуваат во Косово, и ќе трае 3 месеци. Вкупниот извоз на зеленчук и овошје од Македонија во Косово во периодот од јануари до јуни изнесува над 2,5 милијарди денари.

Дополнително, велат од МЗШВ, Косово е претседавач со ЦЕФТА оваа година каде што како три први приоритети во неговата програма како претседавач се наведени олеснувањето на трговијата со стоки, хармонизација на ЦЕФТА пазарите со ЕУ и креирање на регион без нетарифни бариери и мерки кои ја нарушуваат трговијата.

Од македонска страна сите ресорни министерства и Царинската управа работа на анализи на ефектите од мерката и наведуваат дека многу брзо ќе излезат со реакција во однос на воведената мерка, за што ќе бидат известени и членките на ЦЕФТА.

„Очекуваме Владата на Косово да ги земе предвид придобивките од почнатиот Берлински процес и низ една заедничка дискусија преку разгледување на сите анализи и факти, да дојдеме до заедничко решение, коешто ќе подразбира олеснување на трговската размена во регионот“, велат од Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП