19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот го проби нивото од 7.500 долари за првпат од јуни

Биткоинот го проби нивото од 7.500 долари за првпат од јуни

Криптовалутите продолжија да се зајакнуваат при што биткоинот, првпат од јуни, го проби лимитот од 7.500 долари, според агенцијата „Блумберг“ од Њујорк.

Најпопуларната дигитална валута се зголеми на почетокот од тргувањето за 3,1 отсто на 7.543 долари, за малку подоцна тој раст да се намали на 0,8 проценти во Лондон, според њујоршката агенција.

И покрај последното зајакнување, вредноста на биткоинот сè уште е 60 отсто пониска од историскиот рекорд забележан во декември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП