24 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“ ќе добијат нови подови

„Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“ ќе добијат нови подови

Општина Аеродром соопшти дека деновиве почна со реконструкција на подовите во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“.

Во рамки на активностите се заменуваат старите подови со нови еластични ПВЦ-подови во училниците, односно кабинетите каде што се одржува настава, за што Општината издвои околу 2 милиони денари од сопствениот буџет.

Исто така, во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се реконструира подот во холот на училиштето, со средства обезбедени од самото училиште.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар