22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанците први во ЕУ признаа: Вака веќе не оди, ги сакаме Русите!

Италијанците први во ЕУ признаа: Вака веќе не оди, ги сакаме Русите!

Италија би можела да биде првата земја од ЕУ која ќе го поддржи укинувањето на санкциите против Русија, пренесува „RT“.

Рим би требало до крајот на годината да го реши прашањето за санкциите против Русија, рече министерот за внатрешни работи Матео Салвини.

Неговата изјава доаѓа по веста дека Советот на Европа сака санкциите да останат на сила до 31-ви јануари 2019-та година.

„Според нашето мислење, санкциите на никого не му носат корист, вклучувајќи ја и италијанската економија. Во текот на оваа година во Брисел ќе започнеме со разгледување на таквото прашање за прегледување на оваа неефикасна политика“, вели Салвини.

Тој додаде дека Италија „веќе ги вратила добрите односи со Русија, кога станува збор за културата, трговијата, индустријата и безбедноста“.

Според зборовите на министерот, Рим сака италијанските компании да соработуваат со руските фирми. Салвини пред новинарите рече дека во октомври се очекуваат преговори со рускиот претседател Владимир Путин за соработка помеѓу руските и италијанските земјоделци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП