23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијански компании на економски форум ќе се информираат за можностите за инвестирање...

Италијански компании на економски форум ќе се информираат за можностите за инвестирање во Гази Баба

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео.

Како што се наведува во соопштението од Општината, Георгиевски детално го запознал Ромео со сите проекти на кои се работи во моментот, со кои, како што истакнал, значително ќе се подобри животот на сите граѓани од Гази Баба.

Покрај ова, градоначалникот ги најавил и идните проекти.

„Георгиевски ја презентира и поволната клима за инвестирање во економските зони што се на територијата на општината и токму затоа градоначалникот и амбасадорот предложија да се одржи економски форум на кој ќе учествуваат италијански и македонски компании и бизнисмени, кои детаљно ќе се запознаат што нудат овие зони“, се вели во општинското соопштение.

Покрај тоа, на средбата било договоренео во едно училиште во Гази Баба бесплатно да се изучува италијанскиот јазик и култура, пилот-проект што се очекува да почне од септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП