21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкокна продажбата на автомобили во Западна Европа

Скокна продажбата на автомобили во Западна Европа

Продажбата на автомобили во Западна Европа се зголеми за 5,1 отсто во јуни бидејќи силната продажба во Германија, Франција и Шпанија го неутрализира падот на побарувачката во Велика Британија и Италија, соопшти денес Асоцијацијата на европски автомобилски производители (ACEA).

Регистрацијата на патничките автомобили се зголеми за 1,62 милиони возила на пазарите на Европската Унија и Европската асоцијација за слободна трговија (EFTA), што е значително повеќе во однос на 1,54 милиони регистрирани возила во јуни минатата година, според ACEA со седиште во Брисел.

Побарувачката во Франција се зголеми за 9,2 отсто, во Шпанија за 8 отсто, а во Германија за 4,2 отсто.
Спротивно на тоа, продажбата во Обединетото Кралство падна за 3,5 проценти, а во Италија за 7,3 проценти, покажаа податоци од ACEA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП