Директорот на „FCA“, Серџо Маркионе најави на почетокот на јуни нов SUV на „Maserati“, како дел од новиот петгодишен план италијанско-американската групација.
Со новите генерации на „Ghibli“ и „Quattroporte“, ќе пристигне и „SUV“ од пониска класа од „Levante“, па веќе со недели се шпекулира како би можел тој да изгледа.
„Maserati“ соопшти дека малиот „SUV“ ќе има идеална поделба на тежината 50:50, најдобра во целата класа. Покрај тоа, ќе има и најдобар однос на моќ и тежина, супериорно управување, како и хибриден погон.
Малиот „SUV“ на „Maserati“ веројатно нема да се разликува премногу по дизајнот од „Levante“, со стандардните карактеристики на „Maserati“.
И натаму можеме да шпекулираме и кој погон ќе го има, а најчесто се споменува поблага верзија на 3,8-литарскиот „V8“ од „послабиот“ модел „Levante GTS“ во кој има 550 KS и 730 Nm вртежен момент.