16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавата денеска се задолжува, утре се раздолжува за 22 милиони евра

Државата денеска се задолжува, утре се раздолжува за 22 милиони евра

Државата денеска планира да позајми 22 милиони и 764 илјади евра од домашните банки и кредитори преку издавање петгодишни и триесетгодишни државни обврзници. Парите што ќе ги земе денеска државата ќе треба да ги врати утре, 18 јули, кога за плаќање доспеваат 19,5 милиони евра, а задутре приближно 2,8 милиони евра.

Тоа значи дека вкупната сума што ќе биде позајмена ќе биде потрошена за враќање стари долгови. Како што пишува на проспектот за задолжување на домашниот пазар на Министерството за финансии, ова е последно задолжување за јули. Во третиот и четвртиот квартал од годината се предвидени месечно по 2 аукции, со кои државата ќе враќа стари долгови.

Јавниот долг на крајот на 2017 година изнесуваше 4.786,9 милиони евра, што е 47,6% во однос на БДП. Државниот долг, пак, на крајот на 2017 година изнесувшe 3 милијарди и 958,5 милиони евра, односно 39,3% во однос на БДП. Со ова ниво на државен долг, Македонија е умерено задолжена земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП