27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот продолжува да расте поради BlackRock

Биткоинот продолжува да расте поради BlackRock

Биткоинот поскапува и денес, продолжувајќи го растот од претходниот ден, кој беше предизвикан од веста дека гигантот во управувањето со средства „BlackRock“ формирал работна група која ќе ги испитува криптовалутите и „блокчејн“ технологијата.

Криптовалутата со најголема пазарна капитализација се тргуваше по цена со над 5% повисока во споредба со претходниот ден при ниво од околу 6,705.84 околу 9 часот.

Цените на етериум и рипел, втората и третата криповалута по големина на пазарната капитализација, исто така, објавија зголемувања. Етериумот се зголемува за речиси 5,5%, додека рипел се зголемува за повеќе од 6%.

Лондонското издание „Financial News“ излезе прво со веста која ја потврди главниот извршен директор на „BlackRock“, Лари Финк, а потоа ја потврди за „Reuters“. „Ние сериозно ја проучуваме „блокчејн“ технологијата“, вели Финк. Според него, сепак, не постои „голема побарувачка за криптовалутите“.

Во интервјуто за „Bloomberg“, Финк рече: „Не верувам дека секој клиент бара изложеност на криптовалути“.

Финк во минатото го изрази своето негативно мислење за биткоинот, нарекувајќи ја криптовалутата „индекс за перење пари“.

Сепак, работната група на „BackRock“ не е нова и постои од 2015-та година, според извор на „CNBC“.

Многу индустриски експерти сметаат дека зголеменото вклучување на институционалните инвеститори во криптовалутите ќе ја зголеми довербата.

„Сето ова дефинитивно доведе до некоја возбуда“, вели Мати Гринспен, висок аналитичар на „eToro“. „Идејата за доаѓањето на големите институционални компании на пазарот на криптовалути не е нова, а е тренд кој гледаме да собира сила од ноември“.

Минатата година „CME Group“ и „CBOE“, започнаа трговија со биткоин фјучерси, засилувајќи ги надежите за влегувањето на институционалните инвеститори на пазарот.

Виртуелните валути се предмет на сомневање поради високата нестабилност на пазарот. Биткоинот поскапе до 20.000 долари на крајот на минатата година, но потоа цената на валутата и обемот на трговија се намалија значително.

Финансиските регулатори ширум светот се загрижени за шпекулативната природа на криптовалутите и нивната можна употреба за нелегални активности. Кина и Јужна Кореја ги забранија т.н. „ICO“, при кои стартап компаниите започнуваат да собираат пари преку нудење на свои виртуелни валути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП