20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА92 лица добија сертификати за персонални асистенти на лица со попреченост

92 лица добија сертификати за персонални асистенти на лица со попреченост

Почна практичната имплементација на персонална асистенција за лица со попреченост. 92 невработени лица добија сертификати за персонални асистенти на лица со попреченост преку обуката што ја организираше Министерството за труд и социјална политика во соработка со Агенцијата за вработување и Црвениот крст на Македонија.

„Со доделувањето на сертификатите, заокружуваме една многу важна активност. Со воведување на програмата за персоналната асистенција одговараме и ги исполнуваме долгогодишните барања на лицата со попреченост за ваков индивидуализиран тип на сервис. Услугата што ја нудат асистентите ќе биде во делот на извршувањето на секојдневните лични и домашни активности, помош при образованието и работењето и други активности кои лице без попреченост вообичаено би ги извршило без ничија помош“, рече министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Програмата за која средствата за обука се обезбедени преку активните мерки за вработување, веќе се спроведува во Битола, Струга, Куманово, Неготино, Гостивар, Струмица и Скопје, а услугата е понудена на сите лица со попреченост кои се пријавија.

Обучените перонални асистенти ќе бидат пионерите кои треба да го пренесат искуството на целата територија на државата, со што ќе се изгради пракса во испораката на перосналната асистенција, која понатаму ќе стане и дел од новиот закон за социјална заштита. „Министерството за труд и социјална политика ќе прави напори идната година да ја развие и услугата за помош и нега во домот, која недостига во моментот, а која исто така ќе помогне во поддршката пред сè на биолошките семејства кои се грижат за деца/лица со попреченост“, рече Царовска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП