3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ испрати порака до Модриќ и Хрватска

Ѓоковиќ испрати порака до Модриќ и Хрватска

Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, јавно му честиташе на хрватскиот фудбалски тим за освојувањето на сребрениот медал на Светското првенство во Русија.

Ѓоковиќ рече дека целиот регион има огромен спортски талент што треба да се негува.

“Им честитам на Лука Модриќ и целиот хрватскиот тим на извонредниот успех. Убаво е да се види дека толку мала земја од нашиот регион успева на толку голем светски турнир како што е Светското првенство во фудбал”, изјави за РТС Ѓоковиќ, кој даваше поддршка за Хрватска во текот на целиот турнир.

Да се потсетиме, Иван Ракитиќ и Лука Модриќ  во пресрет на финалето на Вимблдон му посакаа среќа на Ѓоковиќ во име на целиот хрватски национален тим.

“Тој навива за нас, а ние за него”, беше пораката на хрватските играчи пред натпреварот каде српскиот тенисер по четврти пат го освои Вимблдон и 13-тата гренд слем титула во кариерата.

Ѓоковиќ имаше проблеми во Србија, бидејќи јавно ја поддржа Хрватска. Тој вака одговори на критиките во тоа време:

“Постојат спортски вредности со кои сите ние ќе пораснеме. Се разбира, секој различно се односува према нив, бидејќи влијанието на средината е исклучително важно во која што сте пораснале и каде живеете, средината во која работите, влијанието на луѓето кои се околу вас, какво образование сте стекнале. Тоа се факторите кои влијаат на односот кон нив, но истовремено постојат и некои универзални спортски вредности кои сите ние ги признаваме – “фер плеј”, почитување на противниците, почитувањето на спортските правила, посветеност, давање на својот максимум во спортската арена.

Спортот говори универзален јазик, ги брише границите помеѓу луѓето, ги надминува разликите во религијата, расата, националноста, а тоа е она што ги привлекува луѓето кон спортот. Затоа луѓето од сите генерации, особено младите, гледаат на спортистите како на свои идоли, затоа што тие проаѓаат низ тешки искушенија, се жртвуваат, и преку спортот илустрират животна борба, даваат пример за тоа како луѓето треба да се постават према бројните предизвици во животот.

Во тенисот, односите меѓу играчите се повеќе директни, поинтимни, во фудбалот и другите тимски спортови е поинаку. Ние ги делиме соблекувалните, се подготвуваме за настапите во непосредна близина, буквално се движиме во неколку десетици метри квадратни, а во исто време имаме многу голема взаемна почит и благодарност “, рече Ѓоковиќ за Телеграф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП