5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТевдовски: Во 2018 година ќе ги оствариме проекциите за раст

Тевдовски: Во 2018 година ќе ги оствариме проекциите за раст

Во 2018 година ќе ја оствариме нашата проекција за раст и Македонија ќе влезе во зона на раст што сите го очекуваме, рече министерот за финансии Драган Тевдовски денеска во Собранието каде на седница на Комисијата за финансирање и буџет се расправаше по Предлог-завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2017 година со конечен извештај за извршена ревизија на усогласеност за 2017 година на основиот буџет.

Предлог завршната сметка доби поддршка од Комисијата, пред пратениците на седница на Собранието е утре.

– Во првата половина од 2017 година имавме негативна стапка на раст на БДП, па во втората поминавме во позитива зона. Секако после многу години, една декада, расипничко трошење тешко е преку ноќ да дојдете до раст. Апсолутно мислиме дека во 2018 година ќе ги оствариме нашите проекции за раст и дека Македонија ќе влезе во зона на раст што сите го очекуваме, истакна Тевдовски.

Тој додаде дека во 2017 година е стабилизирана финансиската состојба и оти се создадени услови за раст во наредните години.

– Имаме цврста определба да ги направиме нештата што ќе носат добро во економијата, она што не го правеше претходната власт, рече Тевдовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП