3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовик на РСС за грантови за развој на туризмот од 1,6 милиони...

Повик на РСС за грантови за развој на туризмот од 1,6 милиони евра

Регионалниот совет за соработка (РСС) објави програма за доделување грантови во вкупна вредност од 1,62 милиони евра за унапредување на инфраструктурата и квалитетот на услугите на културните и авантуристичките рути во регионот на Западен Балкан.

Со повикот, што ќе трае до 16 август годинава, се очекуваат понуди на субјекти од јавен и од приватен сектор во шест земји на Западен Балкан, по што ќе бидат доделени грантови за околу 30 или повеќе субјекти или проекти во поединечна вредност до 54 илјади евра.

На повикот се очекува да конкурираат локални и регионални организации што се занимаваат со туризам, туристички кластери, организации за образование и развој на туризмот, како и национални паркови или паркови на природата.

Програмата за бесповратни финансиски средства е составен дел од Проектот за развој и промоција на туризмот во вредност од пет милиони евра што го финансира ЕУ, а го спроведува РСС.

Регионалниот совет за соработка е интервладино оперативно тело на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј основач и полноправен член е и Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП