28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин предупредува: Економијата опаѓа

Путин предупредува: Економијата опаѓа

putin2

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека економскиот раст на Русија во оваа година ќе опадне под светскиот просек, тој ја повика владата на Русија брзо да дејствува.

Коментарите на Путин доаѓаат откако Централната банка на Русија одлучи девет месеци по ред, референтната каматна стапка да ја задржи на ниво од 8,25 проценти, во услови кога инфлацијата скокна на највисокото ниво во последните 20 месеци.

Путин на седницата на владата потврди дека економскиот раст на Русија ќе забави на 2,4 проценти во оваа година, од претходно предвидените 3,6 проценти.

„Тоа е под границата која е неопходна за одржлив развој, решавање на социјалните проблеми и другите проблеми. Исто така, тоа е под прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд, кој предвиде дека растот ќе изнесува 3,3 проценти“, изјави Путин.

На забавувањето на руската економија влијаеше падот на побарувачката на потрошувачите и слабото индустриско производство.

Инвестициите, исто така, забележаа пад, како последица на економските проблеми во Европа и загриженоста околу корупцијата во таа земја.

Руската економија во 2011 година зајакна за 4,3 проценти, а минатата година за 3,4 проценти, што е значително пониско во однос на растот кој му претходеше на избивањето на глобалната криза во 2008-2009 година, а кој изнесуваше околу 9 проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП