26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоврзани насекаде со летната роаминг понуда на Телеком

Поврзани насекаде со летната роаминг понуда на Телеком

Македонски Телеком подготви летна роаминг промотивна понуда којашто на корисниците за време на годишните одмори им овозможува опуштена и безгрижна комуникација во странство. Со новата понуда, сите нови и постојни приватни корисници на Smart постпејд и Magenta 1, како и бизнис корисниците на Business и Magenta 1 Business тарифните пакети, добиваат 500 MB интернет и 500 минути во роаминг, достапни за користење цело лето.

Mинутите се однесуваат на појдовни и дојдовни повици во роаминг и за опцијата најевтин роаминг. По целосно искористување на промотивниот роаминг сообраќај, корисникот ќе добие SMS за искористените  минути за разговор, како и за искористениот интернет сообраќај.

Дополнително, со новата понуда корисниците на Smart постпејд тарифите можат да ја искористат неверојатната летна понуда и да го одберат својот омилен смартфон по одлична цена. Промотивните минути и интернет во роаминг можат да се користат до 30 септември 2018.

Со новата летна роаминг понуда, корисниците на Телеком можат опуштено да се фотографираат и да споделуваат незаборавни доживувања со своите најблиски за време на годишниот одмор или пак, да бидат постојано во комуникација со своите соработници додека се на службен пат во странство. Промоцијата важи ограничен временски период. Повеќе информации за летната роаминг понуда, корисниците можат да најдат на веб страницата www.telekom.mk, во Телеком продавниците, како и преку Контакт центарот на 122 или 120.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП