1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата во Кина малку се забавува во пресрет на ефектите од трговската...

Економијата во Кина малку се забавува во пресрет на ефектите од трговската војна

Експанзијата на кинеската економија малку забави во вториот квартал, притисната од олеснувањето на владиниот долг. Забавувањето се случува поради тоа што растот е под влијание на трговската војна со САД.

Економијата се прошири за 6,7% во трите месеци до крајот на јуни на годишна база, наспроти 6,8% во првиот квартал, изјави статистичката служба во понеделникот. Темпото е во согласност со пазарните очекувања. Во првата половина од 2018-та година, економијата порасна за 6,8% на годишна основа.

Иако растот останува над целта на Пекинг од околу 6,5% за годинава, сигналите за одложување се намалуваат во последните месеци во предвид да ослабнат инвестициите во фабриките и инфраструктурата. Голем дел од послабиот раст се припишува на иницијативата на Пекинг за спречување на ризичното позајмување, што го прави позајмувањето потешко за некои бизниси.

„Ќе ги видиме понатамошни одложувања во втората половина, како и кредитните ризици“, коментира Лари Ху, економист во групата „Macquarie“. Тој рече дека ефектите од контролата на долгот ќе останат во иднина и истакнаа дека силно задолжените локални власти и претприемачи би чувствувале најмногу притисок.

Во позадина на трговската војна со САД, која најверојатно ќе ескалира, лидерите на Кина преземаа различни чекори, ограничувајќи ја кампањата против ризикот и поддржувајќи гопроширувањето. Минатата недела централната влада даде зелено светло за метропроект и други железнички проекти во урбаните области, кои престанаа поради загриженоста околу долгот. Комерцијалните банки, исто така, го засилија позајмувањето во текот на изминатиот месец за да ја зајакнат деловната активност.

Сепак, очекувањата се трговската војна ќе ја забави економијата, особено ако се влоши. Кина и САД наметнаа реципрочни обврски од 34 милијарди долари минатиот месец и се подготвуваат 16 милијарди долари за нови царини. Иако износите се релативно мали во споредба со економиите, администрацијата на Трамп планира да наметне 10% царина за кинеската стока за уште 200 милијарди долари.

Според економистите, трговската војна може да влијае помеѓу 0,2 и 0,5 процентни поени од растот на БДП-то на Кина во текот на следните 12 месеци.

Кварталните податоци се чини дека се малку постабилни. БДП-то се зголеми за 1,8% во вториот квартал споредено со првиот, објави канцеларијата за статистика. Темпото во првиот квартал беше 1,4%.

Сепак, сигналите за забавување на вториот квартал се зголемуваат. Инвестициите во згради, постројки и други основни средства продолжија да ослабуваат, зголемувајќи се за 6.0% во првата половина на годината на 6.1% во првите пет месеци. Според Лери Ху и други економисти трошоците за железници, автопати и друга инфраструктура се зголемија за 3% во шесте месеци наспроти 15% во текот на целата 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП