4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија е загрижена за својата енергетска безбедност

Јапонија е загрижена за својата енергетска безбедност

Пред неколку дена, Јапонија ги објави своите планови за развој на енергијата до 2030-та година, која ја врати нуклеарната енергија. Ова покажува дека земјата има една загриженост за својата енергетска безбедност, пишува во коментарот „Financial Times“.

Токио планира да ги намали емисиите, но тоа е на второ место пред безбедноста на снабдувањето. На пример, обновливите извори ќе растат, но земјата ќе продолжи да се потпира и на јагленот. Природниот гас, чии емисии се многу помали, останува во позадина.

Сепак, вистинскиот победник ќе биде нуклеарната енергија, која се враќа во плановите по седум години по катастрофата во Фукушима.

„FT“ забележува дека Јапонија останува третата најголема економија во светот, и покрај бавниот раст во изминатите две децении. Земјата е исто така голем потрошувач на енергија и покрај ефикасниот начин на користење на енергијата.

Јапонија останува важен играч на глобалниот енергетски пазар, но веќе постои нервоза околу увозната зависност од енергетските производи. Земјата веќе има искуство, ограничувањата за нафта во 1970-тите ги отворија очите на Токио за ризиците со кои се соочува при увоз на суровина од Блискиот Исток.

Затоа не е изненадувачки што Јапонија го проценува гасот како ризичен. Нема апсолутно никаков недостаток на суровината во регионот, а и се очекуваат и зголемување на снабдувањето и од Сибир, и течен гас од САД. Цените ќе се разликуваат, но јапонската економија може да си дозволи да ја плати цената.

Сепак, проблемите се поврзани со безбедноста на трговските рути за снабдување со гас до Јапонија. Затоа, оценката на аналитичарите е дека Токискиот план за развој на енергијата е рационален.

Азија станува опасно место, па дури и место на конфликт. Ова ја прави трговијата со енергетски извори очигледно ранлива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП