5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија е подготвена да интервенира во недостаток на нафтени пазари

Русија е подготвена да интервенира во недостаток на нафтени пазари

Русија и другите водечки производители на нафта може да ги зголемат приносите при идните проблеми со снабдувањето на пазарите, рече рускиот министер за енергија, Александар Новак, цитиран од „Ројтерс“.

Според неговите пресметки, поскапата нафта во последниве месеци ќе донесе дополнителни 2,5 илјади милијарди рубли (40,1 милијарди долари) во рускиот буџет.

„Ројтерс“ потсетува дека цените на нафтата го достигнаа својот максимум од 2014-та година, во услови на очекуван пад на испораките поради санкциите против Иран и проблемите во Либија, Канада и Северното Море, како и поради намалениот принос на нафта во Венецуела.

ОПЕК и Русија веќе реагираа и малку го олеснија договорот за намалување на производството што го потпишаа во 2017-та година. Од јуни, производството во земјите на организацијата и Русија треба да биде повисок за 1 милион барели на ден. Од овие количини, Русија има 200.000 барели.

Новак коментираше за новинарите дека земјата би можела да ги надмине овие 200.000 барели.

„Ако ни треба повеќе од еден милион барели, не ја исклучувам можноста за брзо разгледување и донесување одлука“, рече рускиот министер, додавајќи дека „ОПЕК +“ би можела да разговара за ситуацијата на телефонска конференција.

Меѓународната агенција за енергија (IEA) во својот месечен извештај коментираше дека ги поддржува сигналите за зголемување на приносот на водечките земји во секторот. Сепак, агенцијата има загриженост дека проблемите со снабдувањето ќе доведат до зголемување на цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП