2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалниот пазар на недвижности се прошири за 1,1 илјади милијарди долари во...

Глобалниот пазар на недвижности се прошири за 1,1 илјади милијарди долари во 2017-та

Глобалниот пазар на инвестиции во недвижности е зголемен за над 1.000 милијарди долари, или 15%, во 2017-та година како резултат на поволниит девизен курс и растот на вредноста на капиталот, соопштува интернет изданието „ipe.com“.

Според годишниот извештај на „MSCI“, „Пазарот на недвижности“, овој сектор се зголемил од 7,4 илјади милијарди долари во 2016-та година на 8,5 илјади милијарди долари во 2017-та година.

Авторите на студијата, кои ја земаат во предвид големината на професионално управуваниот глобален пазар на инвестиции во недвижнини, наведуваат дека поради вредноста на валутата пазарите во Велика Британија и Германија се зголемиле за над 100 милијарди долари во 2017-та година.

Во текот на овој период, вредноста на еврото во однос на американскиот долар се зголеми за 14%, се вели во извештајот. Британската фунта исто така напредуваше за 9 отсто во однос на доларот, додека во 2016-та година фунтата загубила 16 отсто од својата вредност како резултат на гласањето за „Брегзит“.

Растот на вредноста на капиталот и најновите случувања на пазарот, како нова градба и договори за продажба со обратен лизинг (поврзани со продажбата на средства и обратен наем на истите средства) исто така придонеле за проширување на пазарот.

„Иако варијациите на девизните курсеви несомнено покажале релативно влијание врз некои вклучени во индексот земји со текот на времето, растот на вредноста на капиталот исто е долгорочен фактор кој го оформува пазарот денес, и во многу земји вредноста на капиталот во локална валута се зголеми во 2017-та година“, вели Џеј МекНамара, шеф на одделот „Недвижен имот“ во „MSCI“.

„Покрај тоа, не смееме да го заборавиме влијанието на глобалната финансиска криза врз животната средина денес. И Обединетото Кралство и САД доживеаја значителен пад на вредноста на капиталот. Апсолутната големина на пазарот на овие две земји порасна за 40% и 70%, соодветно, од најниското ниво во 2008-ма и 2009-та година“, додаде тој.

Ова не се однесува на сите пазари во светот, забележува МекНамара и додава дека големината на пазарот во Јапонија, на пример, се уште е под нивото од 2009-та година, и покрај постигнатиот раст во последните три години.

САД останаа најголемиот пазар во 2017-та година, додавајќи 244,5 милијарди долари во неговата големина, која достигна 2,97 илјади милијарди долари. Јапонија и Велика Британија ги задржаа своите втора и трета позиција со соодветно 798 милијарди долари и 720 милијарди долари.

Германија ја смени Кина како четврт најголем пазар со 520 милијарди долари од 482 милијарди долари за азискиот гигант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП