5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Трговски договор меѓу САД и Британија е апсолутно можен

Трамп: Трговски договор меѓу САД и Британија е апсолутно можен

Трговски договор меѓу САД и Велика Британија е апсолутно можен, рече американскиот претседател, Доналд Трамп, само неколку часа откако во интервју за „Сан“ рече дека планот за брегзит на премиерката Тереза Меј би можел да го убие нивниот договор.

Обраќајќи се на јавноста, по состанокот со британската премиерка, Трамп рече дека односите меѓу САД и Британија се на највисоко посебно ниво. Меј рече дека тие разговарале за плановите за амбициозниот трговски договор.

Трамп рекол дека интервјуто кое вчера го дал за британски „Сан“ генерално било во ред, но дека биле изоставени неговите позитивни коментари за Меј, што ги нарекол лажни вести, пренесе Би-би-си. Тој појаснил дека во интервјуто не ја критикувал британската премиерка, напротив дека многу ја почитува.

„Мислам дека таа е сјајна жена“, рекол Трамп додавајќи дека имал можност подобро да ја запознае и да се дружи со неа изминатите денови. Според Трамп, Борис Џонсон, кој неодамна поднесе оставка од функцијата министер за надворешни работи на Британија поради „мекиот“ брегзит, би бил прекрасен премиер.

„Тој е многу талентиран човек, многу ми се допаѓа. Мислам дека би бил одличен премиер, мислам дека го има она што е потребно“, рекол Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП