2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏек Ма повеќе не е најбогат човек во Азија

Џек Ма повеќе не е најбогат човек во Азија

Основачот на „Alibaba Group“, Џек Ма повеќе не е официјално најбогат човек во Азија. Мукеш Амбани, чија компанија, „Reliance Industries Ltd.“, зголеми својата вредност за акција со 1,6%, достигнувајќи рекордни вредности во долари по крајот на берзанското тргување во САД во петокот каде компанијата ги продава своите акции.

Според податоците на „Bloomberg Billionaires Index“, богатството на Амбани е пресметано на 44,3 милијарди долари, додека тоа на Ма останува 44 милијарди долари.

Индискиот милијардер придодаде 4 милијарди долари кон своето богатство само од почетокот на оваа година, откако „Reliance“ го удвои својот петрохемиски капацитет, а инвеститорите го прифатија успехот на неговата компанија за телекомуникации „Reliance Jio Infocomm Ltd.“. Во исто време во 2018-та година „Alibaba Group Holding Ltd.“ на Ма изгуби 1,4 милијарди долари.

Амбани, кој е познат по спроведувањето на големи проекти, беше на чело на изградбата на најголемиот во светот комплекс за рафинирање, кој се наоѓа на територијата на индискиот град Џамнагар, исто така, поседува највообичаена мрежа за мобилни податоци во светот и тврди дека е сопственик на најголемиот и најпрофитабилен продавач на мало во Индија.

За време на годишната средба на акционерите на „Reliance“ овој месец Амбани изјави дека компанијата ја имала својата „најголема можност за раст“ со создавање на хибридна онлајн-офлајн платформа за тргување. На настанот, Амбани, исто така, рече дека до 2025-та година „Reliance“ ќе се зголеми повеќе од двапати.

Милијардерот го наследува „Reliance“ од својот татко Дирубај Амбани, чие дело е ширењето на културата на акциите меѓу средната класа во Индија, користејќи ги нивните заштеди за создавање на текстилниот и петрохемискиот оддел на групата.

По неговата смрт во 2002-ра година, бизнисот остана во рацете на Мукеш и неговиот помлад брат Анил Амбани. Во 2005-та година, браќата ја поделија компанијата преку семеен договор направен преку нивната мајка по неколку години тензии меѓу нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП