25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWells Fargo ги разочара аналитичарите со резултатите за вториот квартал

Wells Fargo ги разочара аналитичарите со резултатите за вториот квартал

Wells Fargo забележа полош од очекуваниот втор квартал од годината во позадина на тековните обиди на една од најголемите американски банки да се врати кон раст и да се справи со регулаторните проблеми.

Профитот на финансиската институција во месеците април, мај и јуни е во износ од 5,19 милијарди долари или 0,98 долари по акција. Тоа претставува намалување во споредба со истиот период од 2017-та година, кога добивката беше 5,86 милијарди долари.

Аналитичарите, прашани од „Ројтерс“, прогнозираа добивка по акција во износ од 1,12 долари.

По веста акциите на „Wells Fargo“ поевтинија со над 3% за време на берзанската трговија. Од почетокот на годината падот е цената е во износ од близу 8%.

Приходите на банката исто забележуваат пад до 21,6 милијарди долари од 22,2 милијарди долари во вториот квартал од 2017-та година.

Во средината на април банката ги коригираше надолу резултати за првиот квартал со 800 милиони долари, откако мораше да плати 1 милијарда долари на регулаторни тела заради незаконските такси врз хипотеки и автомобилски кредити.

„Wells Fargo“ се наоѓа под напон во последните неколку квартали поради бројните истраги на нејзините трговски практики, потсетува „CNBC“. Сепак минатиот месец ФЕД и дозволи да започне програма за откуп на акции во вредност од 24,5 милијарди долари – повеќе од два пати на количината, купена во минатата година. Банката исто така ја зголеми дивидендата за кварталот со четири центи до 43 центи за удел.

Претходно оваа година ФЕД стави граница на средствата на „Wells Fargo“ со образложение дека банката треба да ја подобри својата оперативна контрола.

Во мај главниот нејзино извршен директор Тимоти Слоун изјави дека максимумот, кој го ограничува растот, најверојатно ќе остане во сила и во „првиот дел“ од 2019-та година. Првично од банката дадоа сигнал дека е можно мерката да отпадне до октомври 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП