5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија нема да го ратификува трговскиот договор помеѓу ЕУ и Канада

Италија нема да го ратификува трговскиот договор помеѓу ЕУ и Канада

Рим може да го запре најголемиот трговски договор на ЕУ во последниве години – „СЕТА“, според зборовите на вицепремиерот Луиџи ди Мајо, пишува „Ројтерс“. Тој најави дека земјата нема да го ратификува Договорот за слободна трговија со Канада.

Договорот мора да биде ратификуван од италијанскиот парламент. Но, Ди Мајо е категоричен дека мнозинството нема да го поддржи, а причината е протест од италијанските земјоделци.

Ди Мајо е лидер на движењето „Петте ѕвезди“, кое го презеде владеењето во Италија на последните избори.

„Ројтерс“ забележува дека „CETA“ е најголемиот трговски договор на Европската унија во последниве години. Во 2015-та година, земјите од заедницата потпишаа сличен договор со Јужна Кореја. Трговските договори влегуваат во сила по одобрување и ратификација од страна на сите земји на ЕУ.

Меѓутоа, од „Петте ѕвезди“ инсистираат на тоа дека специфичната храна на Италија мора да биде заштитена и затоа се спротивставува на договорот со Канада. Земјата всушност има најмногу регистрирани заштитени храни во ЕУ, меѓу кои се сирењето пармезанот, пршутата и т.н. Врз основа на „CETA“, 40 од овие географски ознаки ќе бидат признати од Канада. Сепак, вкупниот број на заштитени храни во Италија е речиси 300.

Критичарите на договорот изразуваат и загриженост во врска со начинот на одгледување на животни во канадските фарми и соодветно – за квалитетот на свинското и телешкото месо.

Поддржувачите на „CETA“ велат дека документот ќе ја стимулира европската економија и ќе донесе придобивки во вредност од 12 милијарди евра годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП