21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА79 микро, мали и средни претпријатија добија грантови од 10.5 милиони евра

79 микро, мали и средни претпријатија добија грантови од 10.5 милиони евра

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска, заедно со заменикот претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, додели грантови од првиот јавен повик за финансирање мали и средни претпријатија од Планот за економски раст – 3 столб, кој се одржа во Македонската филхармонија.

„Ќе доделиме грантови во висина од 10.5 милиони евра, или 638 милиони денари, на 79 микро, мали и средни претпријатија кои аплицираа на првиот јавен повик за финансирање од планот за економски раст.

Денешниот ден некако непланирано се наметнува како симбол на нашата заедничка перспективна иднина, којашто нè очекува по зачленувањето на нашата земја во НАТО. Тоа е иднина на безброј можности, нови инвестиции и иновации.

Денеска во Владата потпишавме и договор за државна помош со нова, странска инвестиција, американската компанија „Теламон’, а идната недела, в понеделник следува уште една странска компанија“, рече премиерот Заев.

Тој порача дека заложбите на Владата се еднакво помагање на домашните и странските инвестиции.Заев најави дека следува и втор инвестициски бран со обезбедени средства од Владата, за поддршка на компании кои аплицираа со своите квалитетни проекти за третиот столб од планот за економски раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП