2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOpel донесе раст на продажбата од 38% на Peugeot-Citroen

Opel донесе раст на продажбата од 38% на Peugeot-Citroen

Групата „PSA Peugeot Citroen“ оствари рекордна продажба од 38% за првата половина од годината. Позитивниот ефект главно се должи на купувањето на „Opel/Vauxhall“. Збогатена со германската марка, групата има продадено 2,18 милиони автомобили од јануари до јуни, наспроти 1,58 милиони возила за истиот период од 2017-та година.

Во спротивно, продажбата на француските брендови на групацијата („Peugeot“, „Citroen“ и „DS“) се зголеми за скромни 1,9 проценти.

„Peugeot“ настрада сериозно од влошувањето на односите со Иран и присилното повлекување од тамошниот пазар. Пред една година, Иран имал 12% од продажбата на групата.

Од години „Peugeot“ се обидува да диверзификуваат својата продажба, за да не е толку зависна од европскиот пазар.

„Целта ни е дистрибуција од најмалку 50 на 50-50% од продажбата во Европа и 50% надвор од Европа“, објасни главниот извршен директор на „Peugeot“, Жан-Филип Емпарато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП