18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропратениците сакаат јасна дефиниција за двоен стандард кај храната

Европратениците сакаат јасна дефиниција за двоен стандард кај храната

Компании кои продаваат ист производ во целата ЕУ, но со различни содржини во одделни држави, не треба да ги означат и брендираат на навидум идентичен начин, бидејќи тоа може да ги измами корисниците, велат европратениците.

Бројни тестови во неколку земји членки, главно од Централна и Источна Европа, покажуваат дека производите рекламирани и продавани под иста марка и со навидум идентично пакување всушност се разликуваат во составот на штета на потрошувачите.

Овие разлики се откриени не само во храна, како рибни стапчиња, растворливи супи, кафе и безалкохолни, но и во други стоки како детергенти, козметика, тоалетни и производи за бебиња.

Во извештајот, одобрен во четвртокот со 33 гласа „за“, наспроти три „против“ и еден „воздржан“, комисијата на Европскиот парламент (ЕП) за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите препорачува серија мерки за целата ЕУ и на национално ниво за решавање на проблемот „двоен стандард“.

Известувачот Олга Сеналова (S & D, Чешка Република) изјави: „Ако производот се продава под ист бренд и пакување, тој мора да има ист состав. Ако производителот сака да го пласира производот на различни пазари, потрошувачите имаат право да бидат свесни за оваа промена за секој поединечен производ“.

Пратениците повикуваат на зголемена прекугранична соработка и размена на информации.

Неопходно е да се развие заеднички пристап за тестирање со цел да се соберат сигурни и споредливи докази и да се утврди колку е сериозен и широко распространет проблемот со двојниот стандард. Резултатите треба да се обелоденат во јавно достапна база на податоци и да се анализираат „најдоцна до крајот на оваа година“, се вели од парламентарната комисија.

Пратениците го поздравуваат законодавниот предлог на Европската комисија од април 2018-та година за „Нов начин за трговија со потрошувачи“, со кој се менува Директивата за нелојални трговски практики. Тие инсистираат на тоа дека треба дополнително да се разјасни што може да се смета за двоен стандард.

„Преференците на потрошувачите не треба да се користат како оправдување за намалување на квалитетот или нудење на различни нивоа на квалитет на различни пазари“, истакнуваат пратениците.

Извештајот на Сеналова ќе се гласа на пленарната седница за време на септемвриската пленарна сесија. Новиот предлог за измена на Директивата за нелојални трговски практики се очекува да биде ставен на гласање во Комисијата за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европската комисија во ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП