17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Теламон“ со државна помош ќе инвестира во Македонија, најавени се 600 вработувања

„Теламон“ со државна помош ќе инвестира во Македонија, најавени се 600 вработувања

Министерката без ресор, задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска потпиша договор за државна помош со американската компанија „Теламон“, претставувана од директорот на претставништвото во Скопје, Том Пуза.

Компанијата која се занимава со производство на кабли и е присутна на американскиот пазар и пазарите во Мексико и Кина, планира почетна инвестиција во Македонија од четири милиони евра и 300 нови работни места, со проекција во развојниот план да биде достигната вредност од околу 11 милиони евра и отворање на 600 нови работни места.

Посочувајќи дека предвидената поддршка е во делот на поврат по основ на инвестициски вложувања, вработувања со плати над 18.000 денари, извоз, корпоративен и персонален данок, министерката Апостолска подвлече дека инвестицијата која ќе биде во Инџиково, општина Гази Баба, е огромна придобивка која позитивно ќе влијае на Бруто домашниот производ (БДП), со оглед на тоа што ќе овозможи нови работни места, трансфер на стручни знаења и зголемена соработка со домашните компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП