13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаврши реконструкцијата на водоводот во Крива Паланка

Заврши реконструкцијата на водоводот во Крива Паланка

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, го означи завршувањето на двата инфрастуктурни проекта: реконструкција на регионалниот пат Крива Паланка-Огут, како и проектот за подобрување на водоснабдувањето во општината.

„Првин сакам да соопштам дека преку Министерството за транспорт во соработка со Општината реконструиравме дел од водоводната мрежа на повеќе улици во централниот дел од градот со вкупна должина од 3 километри. Исто така, преку Министерството ќе се работат уште два проекта за подобрување на водоводот во градот со вредност од 470 илјади евра. Друго што е важно е тоа што заврши реконструкцијата на регионалниот пат Крива Паланка-Огут, многу значаен патен правец за жителите што гравитираат кон населените места према Огут. Инвестицијата е во вредност од 15 милиони денари, средствата беа обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта“, изјави Сугарески.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, пак, рече дека Владата има сериозни инвестиции во инфраструктурата и дека силно се посветени за развој на Крива Паланка и регионот.

Министрите потенцираа дека само во овој регион се инвестира повеќе од половина милијарда евра во нова инфраструктура. Тие нагласија дека Владата е посветена на проектот за изгрaдба на железницата кон Република Бугарија, потоа изградбата на ескпресниот пат до Ранковце, а најавија дека оваа година ќе се почне со реконструкција на постојниот патен правец од Ранковце до Крива Паланка, инвестиција од 3 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП