17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија пронајде начин да привлече повеќе британски туристи

Албанија пронајде начин да привлече повеќе британски туристи

Албанија во моментот не котира високо на листата на најпосетени земји во Европа. Годишно, 80.000 британски туристи ја посетуваат оваа земја, што е многу малку доколку се земе предвид дека дури три милиони одат во соседна Грција, a 765.000 ја посетуваат Хрватска. Но, тоа може да се промени доколку сè има добра стратегија на која, се чини, дека Албанија посветено работи.

Уште во 2014 година „Њујорк тајмс“ ја вклучи Албанија на листата на најдобри нови дестинации, а нејзиното крајбрежје го опиша како освежувачко и евтино место. Од друга страна, „Лонли планет“, главниот град на Албанија, Тирана, го вброи меѓу најдобрите места во Европа што вреди да се посетат оваа година.

Свесни за ваквите иницијативи, Албанците почнаа поинтензивно да го промовираат туризмот, а во оваа стратегија особено предничи фестивалот „Кала“, кој привлекува сè повеќе млади Британци. Фестивалот трае една недела и се одржува во пет хотели во Дерми. Токму овој фестивал може да ја зацврсти позицијата на Албанија како дестинација за добра забава и одмор.

Имено, фестивалот „Кала“ се одржа минатиот месец во Дерми, место што се наоѓа на 50 километри оддалеченост од Валона. Достапни биле само 2.000 билети, кои вклучувале сместување и транспорт. Фестивалот е главно ориентиран кон електронската музика, па на него настапија лондонски андерграунд-колективи, како Feelings и Secretsundaze, a главни изведувачи беа Том Миш, Тод Терје и Рој Ајерс.

Во моментот е малку тешко да се пристигне до ова место бидејќи мора да се патува со авион до Крф, а потоа четири часа со брод до Дерми. Но, ова е само привремено зашто во 2020 година ќе биде завршен аеродромот во Валона, од каде што туристите бргу ќе стигаат до околните градови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП