5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛе Мер: Единството на земјите од ЕУ е вистинскиот одговор на царините...

Ле Мер: Единството на земјите од ЕУ е вистинскиот одговор на царините на САД

Земјите од Европската унија ќе задржат обединета позиција наспроти зголемувањето на увозните давачки за европски производи од страна на САД и тоа е вистинската стратегија, изјави францускиот министер за економија и финансии Бруно ле Мер пред почетокот на средбата на економските и финансиски министри од заедницата.

„Сите разбираат дека единството на европските држави е вистинскиот одговор против укинувањето на царините. Меѓу земјите од ЕУ има единство и сме решени да го зачуваме“, истакна тој, цитиран од агенциите.

Министерот посочи дека разговарал со својот германски колега Петер Алтмајер во врска со прашањето за американските давачки, вклучувајќи ги и оние кои можат да бидат воведени за продукцијата на европските производители на автомобили.

„Никој и никогаш нема да ја подели Германија и Франција. И никој нема да ги подели земјите од ЕУ“, изјави Ле Мер.

САД воведоа од 1-ви јули царини од соодветно 25 проценти и 10 проценти за увоз на челик и алуминиум од ЕУ. Брисел одговори со контрамерки со широка листа на американски стоки.

Во исто време стана јасно дека САД го отфрли барањето на Франција за попусти за нејзини компании кои работат во Иран, за кои Париз побара, откако претседателот Доналд Трамп воведе санкции против исламската република, изјави Ле Мер за „Le Figaro“.

Париз посочи клучни области во кои очекуваше или ослободување од санкциите, или продолжен грејс период за француските компании, вклучувајќи во енергетскиот, банкарскиот, фармацевтскиот и автомобилскиот сектор, потсетуваат агенциите.

Француските претставници изразија слаби надежи дека ќе успеат да ги добијат овие отстапки, кои се од критична важност за да може нафтениот и гасен гигант „Total“ да го продолжи гасниот проект од неколку милијарди долари во Иран. Тие се важни и за производителот на автомобили „PSA Group“, кој има заедничко вложување во земја.

„Штотуку добивме одговорот од Министерот за трговија Стивен Манучин: тој е негативен“, изјави Ле Мер за „Le Figaro“ во интервјуто објавено денеска.

Министерот рече дека Европа треба да реагира брзо и да се заштити економскиот суверенитет.

„Европа треба да си изгради инструменти со кои ќе се брани против овој вид санкции“, додаде тој.

Вашингтон објави во мај дека наметнува нови економски санкции против Техеран, откако се повлече од мултилатералниот нуклеарен договор од 2015-та година.

Санкциите на Трамп имаат за цел да го притиснат Иран да договори нови договор за запирање на нуклеарните програми кои може да вклучуваат регионални активности на Техеран и развојот на балистички ракети. Вашингтон сака најмногу да го ограничи извозот на нафта, кој е клучен за економското заживување на Иран.

Претходно овој месец иранскиот претседател Хасан Рухани се закани дека ќе ги прекине нафтените испораки до соседните земји, ако Вашингтон се обидува да принуди некои држави да престанат со купување на иранска нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП