5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ја одложи конечната исплата за програмата за спас на Грција

Германија ја одложи конечната исплата за програмата за спас на Грција

Германија го одложи конечното плаќање на спасувачката финансиска помош за Грција, сигнализирајќи за тоа колку тешко ќе биде за оваа балканска земја да ја врати својата финансиска независност и покрај крајот на нејзината последна програма за спасување во август.

За време на состанокот во Брисел, министрите за финансии од еврозоната одобрија на Атина да и биде обезбедена сумата од 15 милијарди евра, но Германија одби да го поддржи решението, објави „Wall Street Journal“.

Одлуката беше донесена откако на крајот на минатиот месец грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека ќе го одложи зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за пет острови во Егејското Море, кои се погодени од миграциската криза – што требаше да се случи ова лето.

Според Германија, Грција мора да ја пополни празнината на изгубените приходи, проценета на 28 милиони евра, со понатамошно намалување на трошоците, особено во одбраната.

Ципрас ја објави промената во одлуката малку по постигнувањето договор со канцеларот Ангела Меркел за обратен прием на регистрирани бегалци во Грција, кои биле приведени на германско-австриската граница.

Грција и Шпанија беа единствените две држави, кои се согласија на принципиелна основа да прифатат назад мигранти – важен потег за Меркел, која на тој начин успеа да ја избегне политичка криза, која се закануваше интегритетот на нејзиниот кабинет.

Според зборовите на управниот директор на Европскиот механизам за стабилизација, Клаус Реглинг од Атина изјавиле дека ќе го зголемат ДДВ-то на крајот на годината и ќе ги компензираат изгубените приходи.

Грција треба да излезе од третата и последна спасувачка програма на 21-ви август, со што ќе се стави симболичен крај на долгогодишната финансиска криза, која успеа да го стави под сомнеж дури и самиот опстанок на единствената валута.

Минатиот месец министрите за финансии на еврозоната се согласија да го олеснат грчкиот долг, со што ќе ја олеснат нејзината услуга во наредните години. Исто така беше договорено и доделувањето на дополнителна транша од 15 милијарди евра, со што земјата ги отплати поскапите заеми кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и да натрупа „тампон“ сума која треба да помогне за нејзините финансиски потреби во следните две години.

Претседателот на Еврогрупата, Марио Сентену, по состанокот на министрите за финансии во четвртокот рече дека очекува средствата да бидат исплатени на почетокот од август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП