2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDisney се потпира на е-спортот

Disney се потпира на е-спортот

Американскиот телевизиски канал на „Disney“, „ESPN“, има право да ја емитува една од најпопуларните светски електронски спортски лиги – „Overwatch eSports“.

Договорот со гејминг компанијата „Activision Blizzard“, која стои зад лигата, покажува дека индустријата за видео игри се развива брзо и бурно.

Натпреварите со видео-игри привлекуваат огромна публика, а натпреварувачите се радуваат на прилично стабилни наградни фондови, пренесува „CNN“.

Повеќегодишниот договор ќе им овозможи на гледачите на „ABC“, „ESPN“, „ESPN 2“ и „Disney XD“ да ги следат плејофот и финалето на „Overwatch League“. За прв пат, електронските спортови ќе бидат во етерот на „ABC“ и во главното време на „ESPN“.

Овој вид натпреварување има огромна публика која сака да гледа професионалци да ги играат нивните омилени наслови. Повеќе од 360 милиони луѓе го гледаа стримингот во живо на „League of Legends“ во 2017-та година.

Популарноста на овие настани привлече внимание дури и на Меѓународниот олимписки комитет, кој почна да размислува дали електронските спортови треба да станат олимписка дисциплина.

Популарноста на електронските спортови е пред таа на традиционално големите спортски настани. На пример, „Super Bowl“ (финалниот меч од „NFL“) кој го следеа 111,3 милиони луѓе во 2017-та година, додека финалето од NBA од околу 30 милиони луѓе.

Овогодинешното четвртфинале на „Overwatch League“ започна на 11-ти јули. Големото финале е закажано за 27-ми и 28-ми јули, а ќе се одржи во „Barclays Center“ во Њујорк и ќе биде пренесуван на „ESPN“ и „Disney XD“.

„Overwatch League“ е меѓународно натпреварување во кое се вклучени тимови од Азија, Европа и Северна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП