30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерлин ги повикува Брисел и Пекинг да пронајдат „пријателско“ решение

Берлин ги повикува Брисел и Пекинг да пронајдат „пријателско“ решение

germanija2

Германија денес повика на изноаѓање на брзо решение за тензиите во трговските односи меѓу ЕУ и Кина, кои, според непотврдените медиумски објави, може да доведат до водведување на кинески царини на увозот на одредени европски автомобили.

Претставникот на германското Министерство за економија ги повика Европската комисија и Кина да пронајдат „пријателско“ решение преку преговори во трговскиот спор. Тој изрази надеж дека договорот наскоро ќе биде постигнат.

Брисел воведе царина од 11,8 проценти на кинеските соларни панели, без оглед на противењето на Германија. Оваа царина во рок од два месеци ќе се зголеми на 47,6 проценти, доколку до тогаш не биде постигнат договор.

Како одговор на мерките на ЕУ, Пекинг минатата недела соопшти дека започнува со анти-дампинг истрага за увозот на вино од ЕУ.

Францускиот дневник „Ехос“ на крајот на минатата недела одбјави дека Кина, исто така, размислува и за воведување на царини за европските луксузни автомобили, што особено тешко може да ја погоди Германија.

Официјалниот претставник на германското Министерество за економија изјави дека засега од кинеската страна нема потврда за воведување на царините за луксузните автомобили од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП