18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин ја продолжи забраната за увоз на храна од Западот

Путин ја продолжи забраната за увоз на храна од Западот

Рускиот претседател, Владимир Путин, ја продолжи забраната за увоз на храна од Западот за уште 18 месеци, по одлуката на Европската Унија да ги продолжи санкциите за Русија поради Украина. Забраната ќе важи до 31 декември следната година.

САД и ЕУ за Русија воведоа неколку рунди санкции за да ја казнат Москва поради анексијата на Крим и поддршката на бунтовниците во источна Украина. Укинувањето на санкциите е условено со напредокот во примената на мировниот договор за Украина од 2015 година. Русија тврди дека договорот не се применува по вина на Киев.

Санкциите ѝ нанесоа штета на руската економија, а исто така на земјата ѝ е ограничен пристапот кон глобалните финансиски пазари и забранет ѝ е увоз на важни технологии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП