12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Прилеп синоќа отворен „Пивофест“

Во Прилеп синоќа отворен „Пивофест“

Со порака за добредојде на сите гости од земјава и странство и за добро расположение сите четири фестивалски вечери, синоќа во Прилеп е отворен 16 „Пивофест“.

Посакувајќи им добредојде на посетителите, од големата бина во центарот на градот, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски посака сите гости да се чувствуваат убаво на годинашново фестивалско издание.

– Ви посакувам добредојде на најголемата културно-забавна манифестација во земјава. Чувствувајте се весело, вкусете добра скара и испијте ладно пиво и уживајте во нашето гостопримство. Сите фестивалски денови до недела да има добро расположение, порача Јованоски.

Првата фестивалска вечер посетителите ги забавуваа Дани, Тони Зен, Бени и Нон стоп, Кирил Џајковски до раните утрински часови.

– Првпат сум на Фестивалот, а знам дека секогаш има добра организација и така очекувам да биде, рече музичарот Тони Зен.

-Најбитно е да се забавуваме сите, да уживаме оваа летна вечер зашто тоа сите го заслужуваме, вели Дани.

Прилепчани како добри домаќини очекуваат многу гости од земјава и странство.

– Манифестацијата е одлична, очекувам најмногу посетители. Ми се најавија гости и ќе се забавуваме. Одлично е организирана, велат прилепчани.

Нашите иселеници веќе традиционално се враќаат во татковината за време на одржувањето на „Пивофест“. Веќе пристигнаа нашинците од Австралија, од Шведска.

-Живеам во Перт, во Австралија. Токму за „Пивофест“ доаѓам во татковината, зашто фестивалот е одличен, вели Гоце Стојаноски од Австралија.

За веселото расположение на втората фестивалска вечер ќе се погрижат „Црвена јабука“, Ван Гог, Дарио.Организаторите ветуваат многу изненадувања наредните три фестивалски дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП