20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦаровска: Правиме заеднички напори за намалување на невработеноста

Царовска: Правиме заеднички напори за намалување на невработеноста

Правиме заеднички напори за решавање на еден од најгорливите проблеми во македонската економија – креирање работна сила со вештини и компетенции што соодветствуваат на потребите на пазарот на трудот во Република Македонија и со тоа намалување на невработеноста, рече министерката за труд и социјална политика, Мила Царвоска, на координативен состанок за вмрежување на активностите за развој на работната сила во Македонија.

Во оваа насока Министерсвото за труд и социјална политика веќе активно ја спроведува програмата младинска гаранција. Пилот-проектот се реализира во три општини. Досега дури 1.708 млади лица се пријавиле во Агенцијата за вработување, а од нив 490 веќе успеале да се вработат. Има такви, односно над 70 што основале свој бизнис искористувајќи ги мерките за помош од државата.

Од Министерството велат дека ќе продолжат активно да работат заедно со посредници и Агенцијата за вработување за зголемување на достапноста на работните места. Додаваат дека се отвораат тренинг-центри за стручно образование во кои невработените лица ќе добиваат соодветна обука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП