21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВ сабота и понеделник прскање против ларви од комарци во Скопје

В сабота и понеделник прскање против ларви од комарци во Скопје

Градот Скопје најави дека во наредниот период ќе изврши прскање против ларви од комарци на подрачјето на главниот град.

„Авионската дезинсекција, на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 14.07.2018 (сабота), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција, на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 16.07.2018 (понеделник), во текот на денот“, соопшти Град Скопје.

Од прес-службата на градот додаваат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Град Скопје ги потсети пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП