24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКремељ: Германија не е заробеник на Русија

Кремељ: Германија не е заробеник на Русија

Снабдувањето со гас не доведува до зависност на една земја од друга, туку тие се заемно зависни, порача портпаролот на Кремељ, Дмитри Песков.

Кремељ денеска ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Германија е заробеник на Русија поради нејзиното енергетско потпирање на Москва, нагласувајќи дека Москва и Берлин се заемно зависни еден на друг.

„Што се однесува на германската зависност (од Русија) како најголем купувач на гас, неможеме да се согласиме со тоа тврдење“ рекол портпаролот на Кремељ.

Трамп вчера покрена силен јавен напад кон Германија, поради поддршката со договорот со Русија околу изградба на гасовод во Балтичкото море, тврдејќи дека Берлин е заробеник на Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП