26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрилеп ги отвора вратите на „Пивофест 2018“

Прилеп ги отвора вратите на „Пивофест 2018“

Прилеп ги одбројува последните часови пред почетокот на „Пивофест 2018“. Сите институции што учествуваат во подготовката и организацијата на фестивалот, секоја во својата област, континуирано работат на обезбедување на неопходните услови за успешно издание на годинешниот 16. „Пивофест“.

„Општина Прилеп како поддржувач на настанот и организаторот на фестивалот, агенцијата ‘Ентфинити’, се комплетно подготвени за почеток на забавата, која ќе се случува во следните 4 дена. Сакам да упатам благодарност до сите компании што финансиски ја поддржаа оваа манифестација и придонесоа за нејзина успешна организација. Благодарност и до вас медиумите затоа што е широка листата на медиумски покровители за популаризација на фестивалот, со што придонесовте ‘Пивофест’ да добие на значење не само во Прилеп туку пошироко во државата и надвор од неа. Ги повикувам сите наши сограѓани и драгите гости што ќе пристигнат во нашиот град да се забавуваат и да уживаат со вкусната скара и ладното пиво“, изјави градоначалникот Илија Јованоски.

Организаторот на „Пивофест 2018“, агенцијата „Ентфинити“, ја искажа својата благодарност до Општина Прилеп и до сите институции што го даваат својот придонес во организацијата на оваа манифестација.

„Ние сме спремни и настанот можеме да го отвориме. Испраќаме апел до сите граѓани од нашата држава и пошироко дека Прилеп е отворен за целиот Балкан. Од денеска па до недела претстојат 4 дена одлична забава. Се надеваме дека сè ќе помине според планираното и дека заедно ќе изградиме уште една убава приказна за овој град“, вели Дарко Манасијески од „Ентфинити“.

Водителите на „Пивофест 2018“, Јана Серафимова и Ненад Георгиевски, не се сомневаат дека Прилеп и прилепчани повторно ќе докажат дека се одлични домаќини и дека посетителите на фестивалот ќе имаат причини за добро расположение.

Отворањето на „Пивофест 2018“ е во 21 часот, а репертоарот на оваа прва фестивалска вечер се Бени и „Нон стоп“, Дани, Тони Зен и Кирил Џајковски со David Lion.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП