1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД и Кина ги оданочуваат трговските текови кои ... не постојат!!!

САД и Кина ги оданочуваат трговските текови кои … не постојат!!!

Природниот гас, најчистото фосилно гориво со најбрзо растечка употреба, е заглавен во необичен агол во трговската војна помеѓу двете најголеми економии во светот.

Кога Вашингтон претстави санкции за кинеските производи за 34 милијарди долари минатиот месец, Пекинг одговори со сопствени мерки, кои вклучуваат давачки за увоз на природен гас преку цевководи од САД. Во новиот увозен тарифен пакет од 200 милијарди долари, САД исто така го вклучиле и природниот гас од Кина, посочува „Bloomberg“.

Ова не е изненадување само по себе, но тоа не е случај кога ќе споменеме дека двете земји не го прават овој вид трговија меѓу себе.

Кина е вториот по големина увозник на „LNG“ во светот и не ги има потребните извозни капацитети. Но, дури и ако Пекинг има слични централи, освен ако не постои морски нафтовод долг 10.000 километри, што никој не знае, САД не можат да извезуваат „сино гориво“ во Кина.

Сепак, гасот не е единствената стока која е вклучена во трговскиот конфликт меѓу САД и Кина без причина. На пример, Вашингтон вклучи во својата листа на царини и увоз на жива пастрмка, иако не се увезува од Кина од 1992-ра година, според американските власти.

Листата на претседателот Доналд Трамп ги вклучува и преносливите радија и касетофони, кои не се увезуваат уште од 2006-та година.

САД, исто така, наметнуваат тарифи и на електричната енергија од Кина, иако недостатокот на трансевропска електрична мрежа е доволно очигледна причина за недостатокот на увоз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП