19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlfa Romeo Giulia „освежена“ за 2019-та

Alfa Romeo Giulia „освежена“ за 2019-та

„Alfa Romeo Giulia“ влегува во третата година, па италијанската компанија одлучи малку да го „надгради“ својот предводник за 2019-та година.

Со оглед дека моделот и натаму е реалтивно нов, „Alfa Romeo“ се одлучи да направи помали промени, како новите 19-инчни алуминиумски бандажи за верзијата „Giulia Ti Sport“.

Од друга страна, моќната „Giulia Quadrifoglio“ e малку „посериозно“ освежена со поделба на задната клуба и анодизирани сопирачки во црвена боја.

„Giulia“ доби и неколку нови пакети, како „Nero Edizione“ со темна предна маска, капаците на ретровизори, држачите на фаровите…

Купувачите можат да го изберат и „Ti Sport Carbon“ пакетот во „Giuliа Ti Sport“ со карбонски детали на екстериерот. Покрај тоа, „Giulia“ зa 2019-та нуди и греачи за задните седишта, премиум алармен систем, нова палета на бои и ред други работи.

Што се однесува до погонските единици и натаму е истата „постава“, „Giulia“ и „Giulia Ti“ имаат 2.0-литарски четирицилиндарски турбо со 280 KS и 415 Nm.

„Giulia Quadrifoglio“ има 2,9-литарски „V6“ со 512 KS и 600 Nm вртежен момент, па забрзува од 0 до 100 km/h зa 3,8 секунди со максимална брзина од 307 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП