3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMichelin отпушта 700 работници

Michelin отпушта 700 работници

gumi1

„Michelin“ соопшти дека ќе престане да произведува камионски гуми во една од своите француски фабрики до 2015 година, со што, без работа ќе останат 700 работници.

Познатата француска компанија наведува дека, поради падот на побарувачката во Европа, ќе престане да произведува камионски гуми во својата фабрика „Жу-Ле-Тур“ во западниот дел од земјата и ќе се концентрира на производството во фабриката „Рош-Сир-Јон“, пренесува агенцијата Франс Прес.

Годишното производство во фабриката „Рош-Сир-Јон“ ќе се зголеми од сегашните 800.000 на 1,6 милиони до 2019, а ќе бидат отворени околу 170 нови работни места, наведува „Michelin“. Компанијата додаде дека од моменталните 900 вработени во фабриката „Жу-Ле-Тур“, на работа ќе останат само 200 работници.

Ниту еден од отказите нема да биде присилен, а за 250 работници ќе биде понудена привремена пензија. На преостанатите работници ќе им бидат понудени позициите во останатите фабрики на „Michelin“ во Франција.

Компанијата, исто така, наведе дека ќе го прекине производството на камионски гуми и во Алжир, a тоа би требало да се случи до крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП