25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБалканска пејачка елита на јубилејниот фестивал „Охридски трубадури 2018“

Балканска пејачка елита на јубилејниот фестивал „Охридски трубадури 2018“

На јубилејниот 25. интернационален музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“, кој ќе се одржи на 6, 7 и 8 септември, ќе учествуваат над 70 пејачи.

Покрај македонските фолк и поп-ѕвезди, на фестивалот ќе настапат и познати пејачки имиња од балканските земји – Карлос (Бугарија), Жак Худек, Владо Калембер (Хрватска), Елизабет Христоу (Грција), Ален Исламовиќ (БиХ), групата „Балканика“ (Србија), Мерима Његомир (Србија)… За љубителите на музиката тоа ќе биде можност за убав одмор и добра забава на крајот од летото.

Фестивалот „Охридски трубадури“ во своето 25-годишно постоење го сврти вниманието на љубителите на музиката не само од Македонија туку и од балканските земји. Тоа се гледа како по бројот на странските новинари што го следат фестивалот така и по сè поголемиот интерес на странските телевизии за ТВ-пренос на фестивалските програми на „Охрид фест“: годинава „Охридските трубадури“ ќе ги презентираат во живо „Балканика“ – Бугарија, „Бел ами“ – Србија, „Коперникус“ – Србија, „ТВ З1“ – Хрватска, CMC (Croatian Music Channel – Хрватска, „Хајат“ – Босна и Херцеговина, „Визион плус“ – Албанија, ТРТ – Турција, ТВ „Шансона“ – Русија и австралиската сателитска INTV.

Организаторите на фестивалот сè уште не ги откриваат сите пејачи и програмски активности со кои ќе се одбележи јубилејот, но сепак се знае дека на фолк-вечерта ќе настапат Благица Павловска , „Скопски боеми“, Петар Нечовски, Нино Величковски, Милица Кузмановска, Милован Секуловски, „Молика“, Зоран Христов… а на поп-вечерта Даниел Кајмакоски, Огнен Здравковски, Пепа, Денис Димовски, Лена, Ѓоко Ѓорчев, Жармена…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП