2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп побара од членките на НАТО двојно да ги зголемат трошоците за...

Трамп побара од членките на НАТО двојно да ги зголемат трошоците за одбрана

Зголемување на трошоците за одбрана од два на четири проценти од бруто домашниот производ, побара денеска од членките на НАТО претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Која е поентата на НАТО ако Германија ѝ плаќа на Русија милијарда долари за гас и енергија? САД плаќаат за одбрана на Европа, додека губат милијарди долари во трговијата“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Твитер“.

Од Белата куќа денеска информираа дека претседателот разговарајќи со лидерите на другите членки на НАТО, споменал дека е подобро да се размислува за четири проценти од вкупното годишно економско производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП