28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштинската комисија ќе врши процени на штетите од невремето пред два дена

Општинската комисија ќе врши процени на штетите од невремето пред два дена

Општинската комисија за процена на штетите од елементарните неподоги објави повик до земјоделците и сите граѓани што претрпеа штети од невремето проследено со силен ветер и град што го зафати атарот на селата Големо Коњари и Мало Коњари, во понеделникот, да достават свои барања.

Како што информира претседателот на општинската комисија, Жарко Северкоски, граѓаните може да ги доставуваат своите барања до Општина Прилеп или до претседателите на месните заедници на двете населени места од денеска, па сè до среда, 18 јули.

По евиденцијата на барањата, претставници на комисијата ќе излезат на терен заедно со стручни лица агрономи од подрачното Министерство за земјоделство и ќе ја утврдат причинетата штета по парцели.

„Комисијата ќе излезе на терен по доставување на барањата од производителите, односно од лицата чии насади претрпеле штети. Ќе се изврши процена на самото место, ќе се утврди штетата. Евиденција со процената на штетите ќе биде доставена до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по што Владата ќе врши исплата на отштетата во согласност со законските регулативи“, вели Северкоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП