28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Германија е независна и придонесува кон Алијансата

Меркел: Германија е независна и придонесува кон Алијансата

Германската канцеларка Ангела Меркел возврати на обвинувањата на американскиот претседател дека нејзината држава е заробеник на Русија, инсистирајќи дека Германија е независна и го бранeеше својот придонес кон Алијансата. Последниот самит на двајцата лидери заврши со меѓусебни напад за трговијата. Тие сега треба повторно да се сретнат во Брисел.

Трамп претходно, на средбата со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, нагласи дека не е праведно што Германија да ја богати Русија преку купување на високо ниво на природен гас од Москва, додека ја штитат НАТО сојузузниците заедно со САД.

Самитот во Брисел се случува помалку од една недела пред Трамп да го одржи својот прв самит со Владимир Путин, во Хелсинки, подигнувајќи ја загриженоста кај американските сојузници, поради близина на САД со рускиот претседател.

Некои беа шокирани од изјавата на Трамп дека самитот на НАТО може да се покаже како потежок, отколку самитот со Путин.

Трамп порача дека САД се искористени од страна на другите членки на НАТО, која беше формирана во 1949 година за да се спротивстави на Советскиот Сојуз, од кој Русија е главната наследничка држава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП