Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Новиот потег во трговската војна на САД го намали јуанот

Време: 14:47

Датум: јули 11, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Кинескиот јуан се намали до 11-месечно дно, откако администрацијата на Трамп воведе нови давачки од 10% на кинески стоки во вкупна вредност од 200 милијарди долари, соопштува „Ројтерс“. Ескалираниот конфликт го обезвредни и австралискиот долар.

Најтргуваните валути, како на американскиот долар и еврото, пак останаа речиси без промена. Трејдерите реагираа таму каде најбрзо се одразуваат новите давачки – во Кина и во Азија, каде земјите како Австралија зависат од побарувачката на нивните стоки од страна на Кина.

Уште ескалација на трговскиот конфликт го враќаат во црвената зона и азиските берзи.

Последните вести на за трговскиот фронт доаѓаат откако кон крајот на минатата недела беа воведените билатерални давачки меѓу САД и Кина во вредност од 34 милијарди долари, а во исто време не беше прикажано желба за започнување на разговори со цел постигнување на примирје. Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави во петокот дека размислува за наметнување на дополнителни давачки за уште вкупно 500 милијарди долари.

„Неодамнешното обновување на пазарите заврши утринава. Инвеститорите чекаат реакцијата на Пекинг уште еднаш“, коментираа аналитичари од „Commerzbank“. Според нив е прашање на дискусија до таков степен ефектот ќе се почувствува во САД и Кина и какви ќе бидат последиците за доларот, бидејќи слабиот раст може да се совпадне со повисоката инфлација.

Кинеската валута поевтини до 6,6919 јуани за долар, намалувајќи се со повеќе од половина процент до околу 11-месечно дно. За споредба на 3-ти јули беше допрено претходното дно на ниво од 6,7344 јуани за долар.

Австралискиот долар се намали за 0,7% во однос на американскиот до 0,7404 долари. Еврото се придвижи на црвена територија со 0,1% во однос на американскиот долар, додека индексот на доларот едвај се помести во нагорна насока до 94,201 поени.

Јенот ја отвори азиската сесија со унапредувањата, но потоа забележа пад и се стабилизира на ниво од 111,03 јени.

„Бидејќи Трамп уште кон крајот на минатата недела проговори за нови давачки во вкупна вредност од 500 милијарди долари, денешните вести не беа сосема изненадувачки, но пазарите неизбежно реагираат во оваа ситуација“, коментира Киосуки Сузуки, директор за тргување со валути во „Societe Generale“.

Канадскиот долар ослабе за 0,2% до 1,3137 долари во очекување на кревање на каматната стапка од страна на Канадската централна банка подоцна во текот на денот.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Странците во Црна Гора инвестирале речиси 600 милиони евра

    Странците во Црна Гора инвестирале речиси 600 милиони евра

    Нето-приливот на странски директни инвестиции во Црна Гора изнесува 218,39 милиони евра во првите девет месеци од 2018 година, покажуваат прелиминарните податоци од Централната банка…

  • Николовски: Со развој на земјоделските задруги до поголеми економски и социјални придобивки

    Николовски: Со развој на земјоделските задруги до поголеми економски и социјални придобивки

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска ја отвори 3. сесија на работната група за земјоделство и рурален развој организиранa од Националната конвенција…

  • Оливер Спасовски е најплатениот министер во Владата

    Оливер Спасовски е најплатениот министер во Владата

    Владата ги објави висините на платите на премиерот замениците на премиерот и на министрите. Според податоците, највисока плата во Владата зема министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој…

  • Спорот околу буџетот на ЕУ ескалираше

    Спорот околу буџетот на ЕУ ескалираше

    Преговорите во рамките на буџетскиот спор на ЕУ за 2019-та конечно завршија во понеделникот вечерта. Преговарачите од земјите членки на ЕУ и од европскиот парламент…

  • Просечната нето плата во септември 24.355 денари

    Просечната нето плата во септември 24.355 денари

    Просечната нето плата во септември 2018 година изнесува 24.355 денари и бележи раст во однос на септември 2017 од 4,8 отсто, објави Државниот завод за…

  • Цените на нафтата стабилни, под 67 долари

    Цените на нафтата стабилни, под 67 долари

    Цените на нафтата во понеделникот на меѓународните пазари се задржаа под 67 долари. На пазарите во Лондон цената на барел остана речиси непроменета во однос…

  • И во Белгија протести против поскапувањето на горивата

    И во Белгија протести против поскапувањето на горивата

    Движењето на жолтите елеци кое во Франција организира протести поради зголемувањето на цените на горивото, ги интензивираше своите активности и во Белгија, но само во…

  • Биткоинот падна под 5.000 долари

    Биткоинот падна под 5.000 долари

    Намалувањето на вредноста на биткоинот и другите криптовалути дојде после соопштението од регулаторот дека ќе ја заостри контролата врз првичната понуда, но и по новите…

  • Австралија е принудена да го ограничи приемот на мигранти

    Австралија е принудена да го ограничи приемот на мигранти

    Австралија веројатно ќе го ограничи приемот на мигранти, бидејќи нејзините градови се пренатрупани. Ова го изјави австралискиот премиер Скот Морисон, цитиран од светските агенции. Премиерот…

  • Каде е најпрофитабилно купувањето на бизнис?

    Каде е најпрофитабилно купувањето на бизнис?

    САД, Велика Британија, Канада, Холандија и ОАЕ се земјите каде купувањето на бизнис е најскапо, покажува листата на московската школа за менаџмент „Сколково“ и руската…