28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен профитот на McDonald`s

Зголемен профитот на McDonald`s

mcdonalds

Американската корпорација „McDonald`s“, најголемиот синџир за брза храна, соопшти дека во мај ја зголемила продажбата во целиот свет за 2,6 проценти на годишно ниво.

Компанијата во САД забележала пораст на интересот за оброците за доручек, како и на производите од пилешко, што доведе до раст на продажбата во таа земја за 2,4 проценти.

Аналитичарите во анкетата на агенцијата Блумберг, предвидуваа глобален раст на продажбата од 1,9 проценти, на 2,1 проценти во САД.

Во април во светот дојде до годишен пад на продажбата за 0,6 проценти, а во целиот прв кваратал од оваа година за еден процент.

Акциите на „McDonald`s“ поскапеа во понеделникот на пазарот во Њујорк за 2,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП