6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на буџетскиот дефицит во Холандија

Раст на буџетскиот дефицит во Холандија

holandija1

Холандската Централна банка соопшти дека дефицитот во буџетот ќе се зголеми од 3,5 проценти од оваа година на 3,9 проценти во 2014 година, доколку владата не воведе нови мерки за штедење.

Меѓутоа, бројни економски експерти сметаат дека новите мерки само ќе ги влошат макроекономските податоци.

Во текот на 2012 година, дефицитот во холандскиот буџет изнесуваше 4,1 проценти.

Европската комисија неодамна на Холандија и одобри одложување на процесот за намалување на буџетскиот дефицит на препорачаните три проценти.

Според очекувањата, холандската економија во текот на оваа година ќе биде намалена за 0,8 проценти, а исто така, се очекува и раст на стапката за невработеност.

Во февруари холандската влада донесе одлука во текот на овие две години да не воведува нови мерки за штедење. Меѓутоа, не е отфрлена можноста за воведување на нови мерки за штедење.

Во текот на март, стапката на невработеност во Холандија се зголеми на 8,1 проценти, од 7,7 проценти кои беа забележани во март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП