25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda ќе пушти спортска верзија на електричниот SUV

Skoda ќе пушти спортска верзија на електричниот SUV

 

Skoda ќе направи спортска модификација на електричниот „SUV“ врз основа на прототипот „Vision E“, објави „Autocar“. Чешкиот производител на автомобили потврди дека електричниот автомобил ќе добие верзија која може да се нарече „eRS“ по аналогија со постојните „VRS“ за бензинските модели.

„Идниот електричен кросовер ќе добие спортска верзија. Не е задолжително дека станува збор за помоќна модификација, туку за посебен дизајн на каросеријата и ентериерот“, објасни шефот за продажба и маркетинг на компанијата Алан Фави. „Skoda“ го претстави електричниот кросовер „Vision E“ на саемот во Шангај во април 2017-та година. Прототипот ќе стане сериски во 2020-та година.

Во моментов, единствениот модел на „VRS“ на пазарот е „Octavia“, а кросоверот „Kodiaq VRS“ ќе се појави подоцна во оваа година. „Fabia VRS“, беше достапен од 2010-та до 2014-та година, може да се прероди во следната генерација на моделот, која се очекува не порано од 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП